Државата не им помага на средношколците кои одат на меѓународни натпревари

Државата не им помага на средношколците кои одат на меѓународни натпревари

19. 03. 2022.

Финансиските средства што државата ги издвојува за талентираните ученици и студенти кои се потребни за учество на меѓународен натпревар се минимални, односно во некои категории тие и сосем изоставуваат.

Kако што вели претседателот на Сојузот на математичарите на Македонија тие се принудени да спроведат систем на самофинансирање. Инаку СММ е само едно од повеќето здруженија кои се занимаваат со спроведување научни натпревари во земјава.

Како здружение на математичари тие вршат организирање и реализирање на неколку циклуси натпревари за учениците од основното и средното образование, организирање на школи и кампови, семинари, конференции и конгреси, континуирана издавачка дејност која се однесува на популаризација на математиката преку книги, збирки задачи, списанија за учениците од основните и средните училишта, како и меѓународно научно списание.

Според измените во законот за основно образование, МОН требаше да обезбеди средства за покривање на трошоци за котизација и пат за учество на еден меѓународен натпревар во текот на 2022 година од областа на математиката, информатиката и природните науки за основно образование. На почетокот на овој месец, Министерството обајви јавен повик за доделување финансии за котизација и учество на меѓународни натпревари како и повик за парична награда за сите кои ќе освојат медал на меѓународен натпревар. Сето тоа е за основно образование, додека средношколците сè уште чекаат на ваква помош.

Од Сојузот се надеваат дека наскоро ќе се извршат аналогни измени и на законот за средно образование бидејќи за три меѓународни натпревари во моментов не се обезбедуваат средства.

Сојузот на математичарите на Македонија како едно од научните здруженија и организациски тела за спроведување на научни натпревари во земјава (покрај ДФРМ, СХТМ, ЗИМ) често добива поддршка и помош од училиштата кои ги организираат општинските и регионалните натпревари.

извор: meta.mk