Отворен повик за бесплатно изучување на Програмскиот јазик С# во Микросам!

Отворен повик за бесплатно изучување на Програмскиот јазик С# во Микросам!

17. 05. 2022.

Курсот се одржува во Прилеп, во просториите на Микросам Академија и трае 6 месеци.

Сега имате одлична шанса да го збогатите вашето знаење, да ни се придружите во тимот и да започнете кариера во нашата компанија со изучување на БЕСПЛАТЕН КУРС ЗА ПРОГРАМИРАЊЕ ВО C#.

Курсот е наменет за сите кои се заинтересирани да го научат најпопуларниот програмски јазик на сите времиња, програмски јазик кој милион професионалци ширум светот го користат секојдневно, а со тоа да влезат во светот на програмирање со С.

Сите детали за курсот погледнете ги на следниот ЛИНК.

Услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите:

  • Завршено средно образование
  • Редовно физичко присуство на предавања и исполнување на задачите
  • Не е потребно претходно предзнаење од програмирање во C#

Придобивки:

  • Секој слушател работи самостојно на свој компјутер,
  • Пристап до најмодерна технолошка библиотека,
  • Работа на практични задачи и вежби,
  • По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат.