Оваа учебна година ќе започне на 1 септември, а секоја следна ќе започнува на 10 септември

Оваа учебна година ќе започне на 1 септември, а секоја следна ќе започнува на 10 септември

11. 08. 2022.

Основците и средношколците во земјава годинава се враќаат на училиште од 1-ви септември, иако имаше идеја учебната година да стартува 10 дена подоцна, односно на 12-ти септември, потврди за Мета.мк министерот за образование. Оваа нова пракса е предвидено да се воведе од следниот септември, а учебната година во тој случај ќе трае до 20 јуни.

Од 1 септември, треба да започне учењето по новиот концепт кој ќе важи за второ и петто одделение. Но, за овие две одделенија сѐ уште не се испечатени учебници.