Според потребите, утре за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“, на потегот од ул.„Иљо Војвода“ (виадукт Самоилова) до крстосницата со ул.„Прохор Пчински“, а на 04.05.2023 (четврток) затворена за сообраќај ќе биде ул.„Самоилова“, на потегот од ул.„Лазар Личеновски“ (Амбасада на САД) до бул.„Гоце Делчев“ во Скопје.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
