Хрватска стана поскапа од Австрија - ова е мислењето на Австријката Брижит, која летово беше шокирана од цените кога летувала на Јадранот. Како што изјавила за „Krone Zeitung“, цените на некои јадења достигнале „ненормални височини“, дури и без прилози, а наведе и неколку примери.
- Пица 18 евра, бифтек 38 евра - рече таа, додавајќи дека и во продавниците не е ништо подобро.
- Путерот чини 4,5 евра - додаде таа.
