Македонците децидно: Не за увоз на работна сила!
Анкети и истражувања

Македонците децидно: Не за увоз на работна сила!

06. 11. 2023.

Во оваа анкета одлучивме да ги прашаме граѓаните „Дали Македонија треба да увезува работници?“

Дали Македонија треба да увезува работници зависи од различни фактори и потреби на земјата. Економските, демографските и социјалните околности можат да влијаат на потребата за увоз на работници.

Исто така, потребата за увоз на работници може да се јави и во ситуации кога стапката на отселување на младите и образовани луѓе од земјата е висока, што може да предизвика демографски проблеми и намалување на работната сила.

Сепак, треба да се земат во предвид и социјалните и правни аспекти на ова прашање, како и потребата за адекватна регулација и заштита на правата на работниците, независно дали се од државата или од странство.

Направивме анкета на оваа тема во која ги прашавме граѓаните: „Дали Македонија треба да увезува работници?“, а во истата учествуваа 1160 испитаници. Еве ги резултатите: 

2% од испитаниците одговориле дека За некои професии е неопходно

6% или 73 од анкетираните испитаници одговориле: Да. Што поскоро. 

9% од испитаниците на прашањето „Дали Македонија треба да увезува работници?“ се изјасниле со одговорот: Никако. Ако се увезат ке се смени структурата на населението. 

Најголем дел - односно 82% или 951 од испитаниците одговориле дека НЕ треба да се увезуваат работници. Нека ги покачат платите ќе работат и домашните работници. На ова следат и коментари од типот: „Платите се мотивација за младите и професионалноста од работодавачот“, „Во Македонија се уште има доволно квалификувана работна сила од различни гранки. Додека се уште има, може да бидат активно вклучени и да водат пристоен живот“, „Со минимална плата од 600 евра, сите би сакале да останат во Македонија“.

Во тек е нашата нова анкета во која прашуваме: Дали на партнерот/ката му кажувате колку плата заработувате?