Повторно лажни пораки за задоцнети пратки, ако добиете ваква порака не ја отворајте

Повторно лажни пораки за задоцнети пратки, ако добиете ваква порака не ја отворајте

19. 03. 2024.

Во Македонија повторно кружат лажни пораки за наводни заглавени и задоцнети пратки.

Ако досега како испраќач на ваквите пораки стоеше македонска пошта, сега пораките наводно се испратени од ДХЛ, глобален сервис за достава на пратки.

Слично како и претходните пораки, и во последната порака се вели дека вашата нарачка не може да се испорача поради неплатени царински такси, а од вас се бара уплата за да се избегне одложувањето.

Ако добиете ваква порака, не го отворајте линкот и не пополнувајте ваши лични податоци. Во изминатите месеци голем број луѓе во Македонија беа финансиски оштетени преку вакви лажни пораки.

Извор: 24info.mk