„Поради продор на ладен воздушен бран од север, во сабота на 21 Декември ќе дува засилен ветер од северен правец, па така на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, каде на планините постојаната снежна покривка ќе се зголеми, а снежна покривка ќе се формира и на повисоките места.
Исто така, во сабота на 21 Декември, поради споменатиот продор на значително поладен воздух од север, повремени врнежи од снег ќе има и во повеќе пониски места (градови), особено во северните и во западните предели, па токму во споменатите места можно е формирање на помала снежна покривка.
Во Скопје и околината за време на овој ладен и влажен бран од север, ќе има врнежи од дожд, а во сабота на 21 Декември на околните планини ќе има врнежи од снег каде ќе се формира снежна покривка. Услови за послаби врнежи од снег ќе има и во повисоките предели од котлината, а не се исклучува можноста по некоја снегулка да се појави и во делови од пониските предели од котлината. Сето ова исто така и во Скопскиот регион ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец.
Температурите во сабота значително ќе опаднат и преку денот ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 8 степени, во Скопје и околината таа ќе се искачи до околу 4 степени“, вели Попоски.
