БРОЈОТ НА ТУРИСТИ ВО ФЕВРУАРИ ПОРАСНАЛ ЗА 5,8% - Традиционално најмногу посети имало од Турција
Актуелно

БРОЈОТ НА ТУРИСТИ ВО ФЕВРУАРИ ПОРАСНАЛ ЗА 5,8% - Традиционално најмногу посети имало од Турција

15. 04. 2026.

Најмногу странски туристи во февруари - 5.011 дошле од Турција, 3.523 од Грција, 3.278 од Србија и 2.181 од Германија

Вкупно 48.654 туристи се регистрирани во февруари што е повеќе за 5,8% во однос на истиот месец од 2025 година, објави Државниот завод за статистика.

Според пресметките 32,6 % од вкупниот број на туристи се домашни, додека 67,4% се странски туристи.

Најмногу странски туристи во февруари – 5.011 дошле од Турција, 3.523 од Грција, 3.278 од Србија и 2.181 од Германија.

Во февруари туристите оствариле 94.652 ноќевања од кои 38,1% се на домашни туристи, а 61,9 % на странски туристи.

Во периодот јануари – февруари 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 6 %, односно кај домашните туристи има зголемување за 5,1 %, а кај странските има зголемување за 6.5 %.

Во периодот јануари – февруари 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е намален за 1,6 % така што кај домашните туристи има намалување за 0,2 %, а кај странските има намалување за 2,6 %.

Извор: plusinfo.mk