Ситуацијата дополнително ја влошува присуството на животни, меѓу кои кози и коњи, кои слободно се движат низ просторот. Жителите од околината се жалат и на непријатна миризба и чад од горење отпад.
Од Општина Карпош велат дека континуирано работат на расчистување на дивите депонии и спречување на несовесното одлагање отпад. Инспекциските служби и екипите за јавна хигиена секојдневно се на терен, а Општината соработува и со комуналните служби на Град Скопје при расчистување на поголеми количини отпад.
Во рамки на шестнеделна засилена акција, со дежурства на критичните локации, биле изречени повеќе од 50 казни за физички лица поради несоодветно одлагање отпад.
Во меѓувреме, проблемот со дивите депонии останува присутен на повеќе локации низ Скопје. Како дополнителна мерка, Град Скопје предложи поставување на 30 камери на различни точки во градот, меѓу чии цели е и спречување на создавање диви депонии и заштита на јавната инфраструктура.
