Каде најевтино да летувате во Грција: Ова се дестинациите со најприфатливи цени за 2026
Актуелно

Каде најевтино да летувате во Грција: Ова се дестинациите со најприфатливи цени за 2026

16. 04. 2026.

Секое лето сè повеќе граѓани од Македонија бараат поевтини опции за одмор во Грција. Иако многумина би сакале да изберат дестинација според најубавите плажи или луксузната понуда, реалноста покажува дека за голем дел од туристите пресуден фактор е цената.

Анализите покажуваат дека и во 2026 година постојат повеќе региони во Грција каде може да се најде пристапен сместувачки капацитет и пониски трошоци за одмор.

Најблиските и најприфатливи дестинации се на почетокот на Халкидики. Местата како Неа Каликратија, Неа Флогита и Неа Мудања се меѓу најбараните, бидејќи се блиску до границата и нудат солидни услови по пониски цени во споредба со останатиот дел од полуостровот. Овие локации се погодни за семејства, со уредени плажи, шеталишта и добра понуда на ресторани и продавници.

Олимпската регија исто така останува една од најпопуларните за поевтин одмор. Паралија, Неи Пори, Олимпик Бич, Лептокарија и Платамон се добро познати меѓу туристите од регионот. Овде цените за сместување, храна и услуги се значително пониски отколку на островите, што ја прави оваа област идеална за оние со ограничен буџет.

Во Солунската регија, дестинации како Ставрос, Аспровалта и Неа Врасна се издвојуваат како одличен избор за економично летување. Иако морето не е толку атрактивно како на некои острови, широките плажи и ниските цени ги прават овие места привлечни за многу туристи.

Островот Тасос, иако важи за популарна дестинација, нуди и поевтини опции ако се изберат помалку туристички развиени места. Скала Калирихи, Скала Сотирос, Астрис и Кинира се меѓу локациите каде може да се најде поповолен сместувачки капацитет, додека Лименарија и Потос нудат поширок избор за различни буџети.

Пониски цени може да се најдат и на Јонскиот брег, како и на островот Лефкада, особено во места како Никијана, Лигија и Нидри, кои се поевтини од попознатите туристички центри.

Иако цените во Грција генерално растат, со внимателен избор на дестинација и сместување, и понатаму е можно да се организира пристапен летен одмор. Клучот е да се избегнуваат најпопуларните туристички точки и да се изберат помали, помалку комерцијализирани места кои нудат добар баланс меѓу цена и квалитет.

Извор: faktor.mk