Најава за обилни врнежи од дожд кои ќе преминат во снег, а ќе има и на пониските места - еве кога!
Актуелно

Најава за обилни врнежи од дожд кои ќе преминат во снег, а ќе има и на пониските места - еве кога!

30. 01. 2026.

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Пообилни врнежи ќе има в недела кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.

УХМР најавува дека утре минималните темпартури ќе се движат од -2 до 6 степени, а максималните од 4 дo 11, а задутре од 0 до 6 степени,  односно од 3 до 8.

Од понеделник следуваат минимални температури и до – 5, а максимални и од 13 степени.

Како што најави УХМР, денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Во западните делови ќе дува слаб ветер од променлив правец, а во источните умерен, повремено засилен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени. Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Извор: skopjeinfo.mk