Под мотото „Мојот ден, моите права, мојата иднина“, организацијата ги повикува родителите, наставниците и старателите да разговараат со децата за нивните потреби, права и желби.
УНИЦЕФ потсетува дека понекогаш е доволно едноставно прашање: „Што би променил во светот кога би имал можност?“
Целта е возрасните внимателно да ги слушаат детските идеи и да им овозможат на најмладите активно да учествуваат во одлуките што влијаат врз нивниот живот, училиштето и заедницата.
