Тука сум човек, тука работам – dm нуди поддршка и простор за кариера што расте со личниот развој на вработените
Успешни бизнис приказни

Тука сум човек, тука работам – dm нуди поддршка и простор за кариера што расте со личниот развој на вработените

25. 08. 2026.

На денешниот пазар на трудот, рамнотежата помеѓу професионалниот и приватниот живот сè почесто станува еден од најважните критериуми при изборот на работодавач. Времето, сигурноста, можноста за развој и флексибилноста повеќе не се гледаат како одвоени придобивки, туку како дел од целосното работно искуство што им овозможува на луѓето да ја градат својата кариера во согласност со својот животен ритам.

Во време кога животните улоги се сè поразновидни, вработените бараат сигурност, но и слобода што овозможува работата да се вклопи во нивниот животен ритам. Токму оваа филозофија ја негува dm, создавајќи работна средина каде што професионалните амбиции и приватниот живот одат рака под рака.

Компанијата dm ги препознава овие потреби и создава работна средина во која секој, без оглед на возраста, семејните обврски и фазата од кариерниот развој, може да воспостави здрава рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот.

Не е само работа – тоа е дел од мојот живот

Во dm, работата не значи само работно место, туку и можност за континуиран развој. На вработените им се достапни разновидни обуки и работилници, а во тек на деловната 2025/26 година се организирани 25 обуки со физичко присуство, онлајн и на меѓународно ниво. Исто така, секогаш кога работната позиција го бара тоа, на вработените им е овозможен бесплатен курс по германски јазик.

Дел од културата на dm е и меѓународната соработка, која подразбира можност за работа на проекти во рамките на групацијата и размена на знаења со колегите и колешките од други земји, што дополнително придонесува за професионален развој.

Заедно низ сите фази од кариерниот пат

Многу членови на тимот заедно со компанијата со години ги поминуваат сите фази од нивниот кариерен пат ‒ од првите денови во dm до моментот кога, со своето богато искуство, ги поддржуваат помладите колеги и колешки.

Од самиот почеток на своето работење во dmMK имаме вкупно 40 вработени кои го одбележале својот 10-годишен јубилеј на работен стаж во компанијата, заклучно со деловната 2025/26 година. Ова е силна потврда за поддршката што компанијата ја обезбедува за своите вработени во сите фази од животот и кариерата, како и за меѓусебната доверба што расте.

Искуството на вработените што долги години се дел од dm претставува значајна вредност за тимот, бидејќи тие со своето знаење и пример го поддржуваат развојот на колегите и колешките што се на почетокот од професионалното патување.

Исполнет живот со скратено работно време

Една од придобивките што ги нуди dm е флексибилноста, благодарејќи на можноста за скратено работно време во продажба, кое може да изнесува 20, 30 и 36 часа неделно. На овој начин, младите луѓе што работат паралелно со студиите добиваат можност да стекнат искуство и да ја задржат финансиската независност, додека, пак, родителите полесно ги усогласуваат професионалните обврски со семејниот живот.

Во согласност со возраста, вработените добиваат зголемен број денови за годишен одмор од 2026 година, кој може да достигне од 22 до 30 дена, што им дава дополнителна слобода да го планираат своето време според личните потреби. Дополнително, dm на своите вработени им обезбедува и голем број погодности што дополнително го унапредуваат квалитетот на работата и на животот. На вработените им се достапни 13-та и 14-та плата во вид на регрес за годишен одмор и дополнителна плата пред божиќните празници, со што се остваруваат 14 плати годишно во полн износ.

Здравјето и благосостојбата на прво место

Вработените во dm имаат пристап до широк спектар на придобивки што ги поддржуваат нивното здравје и нивната благосостојба. Бесплатните проширени систематски прегледи се дел од редовната грижа за здравјето на вработените, додека, пак, во Централата на dm им е достапна и библиотека со богат избор на книги. Ергономскиот мебел и работната опрема, кои се приспособени на потребите на вработените, обезбедуваат поголема удобност и чувство на сигурност во текот на работниот ден. На овој начин, секој вработен добива простор да се посвети на своето физичко и ментално здравје, знаејќи дека компанијата активно го поддржува во зачувувањето на квалитетот на животот.

Поддршка за семејството и заедницата

Компанијата dm негува култура на грижа за вработените, нивните семејства и заедницата. Дополнителниот слободен ден за општествено одговорен ангажман, како и слободниот ден за првиот училиштен ден на децата во основно образование, се само дел од начините на кои компанијата ја препознава важноста на различните животни улоги на вработените.

Иницијативите како „Креативни дечиња“, по повод Новогодишните и Велигденските празници, се наменети за поттик на имагинацијата и креативноста на децата на вработените, додека учеството на интернационалните настани како „Семеен ден“ и „Спортски игри“, организирани во синергија со нашите колеги од dm Србија, претставуваат можност за зближување не само на семејствата, туку и на членовите од тимот на dm, поттикнувајќи тимска работа, колегијалност и заеднички развој.

Тука сум човек, тука работам ‒ во пракса

Сите придобивки што ги нуди dm се резултат на внимателно следење на потребите на вработените и желбата да се изградат односи засновани врз доверба. Кога човекот е на прво место, секој ден станува можност за учење, раст и скапоцени моменти со луѓето што ги сакаме

Повеќе за можностите за вработување и придобивките што ги нуди dm може да најдете на веб-страницата на компанијата: Кариера | dm.mk и секако информации за последните новости и активности од компанијата можете да погледнете и на страницата на LinkedIn: dm drogerie markt Makedonija | LinkedIn.

Во средина каде што се цени рамнотежата, меѓусебното разбирање и довербата, вистинското задоволство доаѓа од можноста професионалните достигнувања и приватниот живот да одат рака под рака.