Кога тимот стои зад тебе, секој успех е можен
Успешни бизнис приказни

Кога тимот стои зад тебе, секој успех е можен

20. 02. 2026.

Кариерата не се случува преку ноќ. Таа се гради – со посветеност, учење, предизвици и луѓе кои веруваат во тебе.

Во Mozzart Македонија, развојот не е само можност на хартија, туку реален пат кој многумина веќе го изоделе. Една од тие приказни е нашата колешка Анита Стефановска која од оператор на уплатно место денес е Менаџер на подрегион Куманово.

Како изгледа нејзиниот ден денес?

„Денот започнува со планирање и поставување приоритети. Наместо да се фокусирам само на извршување, сега носам одлуки, водам процеси и се грижам за целокупниот перформанс на тимот. Работата е покомплексна, но и многу пореализирачка.“

На прашањето кој ѝ бил најголема поддршка (сојузник), таа вели:

Немаше само еден сојузник – имаше цел тим. Колегите, нивниот искрен фидбек и заедничката енергија беа мојата сила. Огромна благодарност и до менаџерите Влатко Љубовски и Дарко Ивановски за довербата и насоката.“

Подготвена сум со целото срце да продолжам да учам, да вложувам и да го дадам својот максимум – сега од една нова, лидерска перспектива.

Ова унапредување не е само личен успех. Тоа е доказ дека кога компанијата препознава потенцијал, кога лидерите даваат доверба, а тимот стои зад тебе – растот станува природен чекор.

Во Mozzart Македонија, кариерата не е случајност. Таа е резултат на вложување, поддршка и заедничка амбиција да бидеме подобри секој ден. Можеби следната приказна што ќе ја раскажеме – ќе биде твојата