Да им дадеме причина на младите да останат во Македонија!
Актуелно

Да им дадеме причина на младите да останат во Македонија!

25. 11. 2026.

Хајделберг факултет – Скопје, во соработка со Вработување.ком, ги повикува компаниите да ги отворат своите врати за студентите и да им понудат платена практична работа.

 

Сите сакаме нашите деца да останат тука, да бидат успешни и да градат иднина во својата земја. Но, иднината не се гради само со желби, туку со можности.

А тие можности можеме да ги создадеме токму ние!

Хајделберг факултет – Скопје, во соработка со Вработување.мк, ги повикува компаниите да ги отворат своите врати за студентите и да им понудат платена практична работа.

Да им го пренесеме нашето знаење. Да им овозможиме да стекнат искуство. Да им покажеме дека и во Македонија можат да изградат успешна кариера.

Можеби токму студентот на кој денес ќе му дадете шанса, утре ќе биде еден од вашите најдобри вработени.

Да не бидеме само загрижени што младите си заминуваат. Да бидеме дел од причините поради кои ќе останат!

Детали за практикантскиот ангажман

  • Платена пракса два дена неделно – четврток и петок.
  • Пријавување во АВРМ или ангажман преку договор на дело.
  • Конкретни работни задачи и менторска поддршка.
  • Ангажман усогласен со студиските обврски.

Пријавете ја вашата компанија. Понудете шанса. Создадете иднина.

ПРИЈАВА ОВДЕ