Поаѓајќи од секојдневни ситуации кои сите ги препознаваме – подготовка на храна, одење на пазар, семејни собирања и заеднички оброци – проектот истражува како овие ритуали ги откриваат слоевите на заедничкото културно наследство во регионот. Во фокусот не се фотографиите на храната како естетски објект, туку начинот на кој таа го обликува идентитетот, односите меѓу луѓето и пренесува искуства низ генерациите.
Традиционални рецепти што ги поврзуваат народите
Во регион каде што често се истакнуваат разликите, традиционалните рецепти покажуваат колку нашите култури се испреплетени. Токму преку секојдневните практики поврзани со храната и подготовката на јадењата се откриваат врски што ги надминуваат границите и генерациите.
Програмата е наменета за млади автори на возраст од 18 до 35 години и опфаќа работа на авторски фотографски и видео проекти преку серија работилници и менторски процес. Работилниците ќе се реализираат во текот на април и првата половина на мај 2026 година. Учесниците во тој период ќе ги развиваат своите проекти со континуирана менторска поддршка, работејќи и индивидуално и во група.
Крајните резултати од проектот ќе бидат претставени преку мултимедијална изложба и проекција на документарен филм во Скадар во мај 2026 година, а потоа и на фестивали низ регионот во текот на 2026/27 година, во рамки на програмата „Districts of Reconciliation“.
Кој може да се пријави?
На конкурсот можат да се пријават автори со веќе развиени проекти, како и оние кои сакаат да ја развијат својата идеја во текот на процесот. Пријавата треба да содржи основни информации за авторот, кратка биографија, опис на проектот или концептот, како и селекција од најмногу 15 фотографии.
Рокот за пријавување е 10 април 2026 година до 23:59 часот, а пријавите се испраќаат на адресата: crfkonkurs@gmail.com. Учеството во програмата е бесплатно.
Дополнителни информации заинтересираните учесници можат да најдат на социјалните мрежи на Центарот за развој на фотографија (@centarzarazvojfotografije).
Регионалната иницијатива Frames of Flavours се реализира како дел од програмата за финансиска поддршка на локални организации од граѓанското општество (FSTP), која Центарот за локална демократија – LDA Суботица ја спроведува во соработка со Фондацијата „Нови Сад – Европска престолнина на културата“, координатор на проектот „Districts of Reconciliation“, кофинансиран од Европската унија преку IPA III програмата за поддршка на граѓанското општество и медиумите во Западен Балкан.
