Мостот „Близнак“ утре ќе биде затворен два часа: Возачите да користат алтернативни правци
Актуелно

Мостот „Близнак“ утре ќе биде затворен два часа: Возачите да користат алтернативни правци

07. 10. 2026.

Мостот „Близнак“ утре привремено ќе биде затворен за сообраќај поради изведување работни активности, информираат од ЈП „Улици и патишта“. Прекинот ќе трае два часа, од 13:00 до 15:00 часот.

Работите ќе се изведуваат на потегот од крстосницата со улицата „Индустриска“ до крстосницата со булеварот „АСНОМ“.

Во наведениот период двете коловозни ленти ќе бидат целосно затворени за сообраќај, а просторот каде што ќе се изведуваат активностите ќе биде соодветно означен со сообраќајна сигнализација.

Од ЈП „Улици и патишта“ апелираат до возачите да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат внимателни и трпеливи додека траат работите.

Сообраќајот преку мостот повторно ќе биде овозможен по завршувањето на предвидените активности.