Трговците засега не ги слушаат апелите од премиерот кој повикува на општествена одговорност во овие моменти на криза, а без мерки, ваквите ценовни шокови удираат врз џебот на граѓаните.
Од Владата велат дека будно ја следат ситуацијата, но според нивните проценки засега нема потреба од прогласување на кризна состојба и воведување на мерки за ублажување на последиците од кризата. Како можни мерки се најавуваат намалување на ДДВ за увоз на горива и намалување на акцизите.
Вчера и опозицијата излезе со најава дека ќе поднесе пакет закони за ублажување на последиците од кризата. Меѓу мерките што ги предлагаат се намалување на стапката на ДДВ од 18 на пет проценти за горивата, намалување на акцизата за четири проценти, нула проценти ДДВ за основните прехранбени производи и преполовување на цените на патарините.
Експертите предупредуваат на прелевање на ценовниот шок од горивата на основните прехранбени продукти, а потоа и на земјодеството, транспортот и на сите останати сектори.
Извор:provereno.mk
