Од вечерва до недела нè очекуваат студено време, обилни врнежи од дожд и снег
Актуелно

Од вечерва до недела нè очекуваат студено време, обилни врнежи од дожд и снег

25. 11. 2026.

Под влијание на циклонска активност, од вечерва до недела времето ќе биде претежно облачно и студено, со врнежи од дожд на пониските места, дожд и снег на повисоките, а на планините од снег, информира УХМР.

За време на викендот се очекува продор на студена воздушна маса од север, при што на планините ќе се формира нова снежна покривка.

Врнежите наместа ќе бидат пообилни, со над 30 литри на квадратен метар за 24 часа, а во текот на целиот период локално и над 80 литри.

Во Скопје се очекува претежно облачно време со дожд, кој за време на викендот во повисоките делови од котлината ќе преминува во снег.

Од понеделник времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но со студени утра и температури под нулата.