Провејува снег на неколку места во државата - намалена видливоста поради магла на еден патен правец
Актуелно

Провејува снег на неколку места во државата - намалена видливоста поради магла на еден патен правец

01. 04. 2026.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, а сите патни правци се проодни. Снег провејува во Маврово и Крушево и на планинските премини Стража и Ѓавато.

Намалена видливост до 20 метри поради магла има на патниот правец Попова Шапка-с.Лисец.

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Извор: skopjeinfo.mk