„Имам 15 години искуство и образование во угостителството, а се уште имам менаџери кои не знаат дека Bacardi e рум“ - Што ги тера македонците да ја напуштат државата?

„Имам 15 години искуство и образование во угостителството, а се уште имам менаџери кои не знаат дека Bacardi e рум“ - Што ги тера македонците да ја напуштат државата?

26. 10. 2021.

Што е она што би можело да се подобри во нашата земја за да се намали „одливот на мозоци“?

Факт е дека Македонските граѓани масовно се селат во странство. Причините ни се добро познати. Желба и потреба за подобра иднина и егзистенција, поубаво место за живеење, поголеми можности за градење кариера, учење и надградување...

Што е она што би можело да се подобри во нашата земја за да се намали „одливот на мозоци“?

Направивме анкета на тема "Што е тоа што би ве задржало во земјава, ако имате можност за кариера во странство"?

3% од испитаниците се изјасниле дека добар менаџер и напредување во кариерата би ги задржало во државата.

„Повисока плата и добар менаџер што не ги понижува вработените“ - вели еден од коментарите.

Опцијата Напредување на работното место според досегашното искуство ја избрале 12% од посетителите на нашиот сајт.

„Подобро работно место, повисока плата, позадоволен и посреќен живот.“ „Имам 15 години искуство и образование во угостителството, а се уште имам менаџери кои не знаат дека Bacardi e рум“ се дел од коментарите на испитаниците кои ја избрале оваа опција.

26% се изјасниле дека семејството би ги задржало во Македонија и кога би имале можност за кариера во странство.

„Најважно е семејството, се друго е менливо и минливо“ - вели еден коментар.

Очекувано, за опцијата повисока плата се изјасниле 59% или 757 испитаници.

„Ако добивам иста плата со платата која би ја добивал во странство.“ „90% од фирмите не ги плаќаат прекувремените работни часови, државата го знае тоа и премолчува, луѓето пред се не сакаат неправда и се селат!“ „Мали плати, висок стандард. Со една минимална плата не се гледа фамилија.“

Според коментарите и резултатите од оваа анкета, економските причини се главен мотив за иселување и тоа не само на младата популација. Овој глобален тренд станува премногу опасен за државата во која секој втор млад човек сонува за заминување!