Дигиталната трансформација на образованието да биде по мерка на учениците, студентите и наставниот кадар

Дигиталната трансформација на образованието да биде по мерка на учениците, студентите и наставниот кадар

02. 03. 2022.

Дигитализацијата е многу важна тема, поради тоа што 21-виот век бара да имаме дигитализиран образовен систем.

Форумот за образовни промени има за цел да даде свој придонес за подобрување на квалитетот на високото образование во земјава и да ги поттикне студентите да придонесат за локалната и меѓународната заедница преку нивното активно учество во процесот на донесување одлуки.

Дигитализацијата е многу важна тема, поради тоа што 21-виот век бара да имаме дигитализиран образовен систем. 

Пандемијата со коронавирусот го наметна забрзаниот процес на дигитализирање, како во образованието, така и во другите сфери, но истовремено ги изнесе на површина важните прашања како: медиумската писменост, дигиталната писменост, етичките аспекти на дигитализацијата во образованието, аспектот на приватноста, заштитата на личните податоци и сајбер безбедноста. Треба да се обрне особено внимание на овие прашања и да се движат процесите паралелно.

За тоа дали дигиталната трансформација на образованието е целосно позитивен процес, сведочи фактот што најголем дел од младите се информираат од социјалните мрежи и новите канали за комуникација, каде лежи проблематиката и ризикот дека истото не е регулирано и подложи на дезинформации и злоупотреби.

Образовниот систем се соочува со низа предизвици – од една страна брзата динамика на промени во технологиите придонесе кон процеси и можности каде што младите имаат пристап во реално време до голем број на информации, додека од друга страна – образовните институции имаат побавна динамика и не ги следат промените и можностите кои ги нудат технологиите.

извор: radiomof.mk