Од неодамна, производствените капацитети на „Брако“ се ангажирани и за производство на машини кои се дел од машинскиот парк за обработка на стакло.
Фокусирани на развојот, поддржувајќи ги и прифаќајќи ги специфичните барања од пазарот, тимот инженери на „Брако“ е подготвен за производство на уште една машина од машинскиот парк неопходен за обработка на стакло. Станува збор за машина која што го автоматизира производствениот процес. Времето потребно за обработка на стакло се намалува, а се зголемува ефикасноста за негово деконфекционирање на масата. Дизајнирана со вакуумски капи, машината прецизно го додава необработеното стакло на работната позиција при што интервенцијата на операторот е минимизирана .
„Овој проект започна во ноември минатата година и досега произведовме пет маси за одвојување на софтверски исечено стакло и сите се со различни димензии и спецификации, согласно барањата на клиентот,“ вели одговорниот машински инженер Иван Димитровски.
Инаку, постапката за сечење е целосно автоматска и се контролира со помош на софтвер со вграден каталог на форми.
Стабилната политика на менаџирање и овој пат е во тек со развојните индустрии кои на глобално ниво инвестираат во ресурси за интензивни програми, во случајов програми насочени кон материјалот на иднината - стаклото.
извор: kanal5.com.mk