Распишан Јавен повик за избор на надворешни членови на Комисијата за обештетување од каснувања од бездомни кучиња

Распишан Јавен повик за избор на надворешни членови на Комисијата за обештетување од каснувања од бездомни кучиња

13. 05. 2022.

Јавниот повик е објавен врз основа на Одлуката за утврдување на надоместок на штета предизвикана од каснување на бездомни кучиња

Јавниот повик е објавен  врз основа на Одлуката за утврдување на надоместок на штета предизвикана од каснување на бездомни кучиња („Службен гласник на Град Скопје” бр. 5/22), како и на член 4 став 4 од Правилникот за начинот и постапката на утврдување и исплата на надоместокот на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња, број 08-5213/1 од 04.05.2022 година.

Предмет на јавниот повик е избор на надворешни членови и заменици членови на Комисија за постапување по барања за надоместок на штета предизвикана од каснувања од бездомни кучиња на граѓани на подрачјето на Град Скопје, и тоа:

– 1 (еден) член и 1 (еден) заменик член од редот на лиценцирани лекари трауматолози;

– 2 (два) члена и 2 (два) заменици членови од редот на лиценцирани лекари од областа на психијатријата;

Рокот за пријавување е до 17.05.2022 година.

Повеќе информации поврзани со јавниот повик може да добиете на линкот www.skopje.gov.mk/media/8536/јавен-повик-за-избор-на-членови-на-комисија-mkd.pdf