Копнениот персонал на „Луфтанза“ ќе штрајкува во среда
Германскиот синдикат Верди го повика копнениот персонал на „Луфтанза“ на штрајк во среда, со цел да се зголеми поддршката за преговорите за плати со водечкиот авиопревозник на Германија, јави ДПА.
Најавено е штрајкот да почне во 3:45 часот в среда и да трае до шест часот в четврток.
Верди преговара во име на околу 20.000 членови на копнен персонал, вклучувајќи техничари и логистички работници, без чии услуги авионите не можат да полетаат.
Верди ја одби првичната понуда за плата од „Луфтанза“, а се согласи преговорите да продолжат на 3-4 август. Синдикатот бара зголемување од 9,5 отсто на платите.
Според Кристин Беле, која преговара, во поглед на обем на работа, висока инфлација и на жртвување на дел од платите за време на пандемијата, значителни зголемувања на платите се оправдани.