Имаат просечна плата меѓу 32.000 и 83.000 денари: Kои се професиите во кои се заработуват плати НАД ПРОСЕКОТ?

Имаат просечна плата меѓу 32.000 и 83.000 денари: Kои се професиите во кои се заработуват плати НАД ПРОСЕКОТ?

22. 10. 2022.

Највисоките просечни плати во Македонија се над два ипол пати повисоки од просечната плата. Распонот помеѓу топ 10-те просечни нето августовски плати се движи од 44.374 до 83.556 денари.

Од порталот pari.com.mk известуваат: 

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2022 година, изнесува 31.871 денар. Државниот завод за статистика посочуваа дека индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2022 година, во однос на август 2021 година, изнесува 111,3.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.1 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (3.8 %) и Рударство и вадење на камен (3.1 %).

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Преработувачка индустрија (16.2 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16.1 %) и Уметност, забава и рекреација (15.6 %).

Во анализата спроведена од порталот pari.com.mk, посочуваат дека доколку се направи споредба со просекот на плати по дејност, највисоките просечни плати се над два ипол пати повисоки од просечната плата.

Тоа значи дека 38 дејности земаат повисока плата од просечната, која во август 2022 година изнесувала 31 871,00 денар.

Еве кои се 10-те најплатени професии кои носат најголема заработувачка во Македонија: 

СЕКТОРИ И ОДДЕЛИ НА ДЕЈНОСТИ ДЕНАРИ ЕВРА
Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности 83 556 1359 евра
Воздухопловен транспорт 51 919 844 евра
Останати стручни, научни и технички дејности 51 825 843 евра
Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати 50 489 821 евро
Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови 48 311 785 евра
Управувачки дејности; советување во врска со управувањето 47 231 768 евра
Складирање и помошни дејности во превозот 46 823 761 евро
Вадење на руди на метал 46 144 750 евра
Телекомуникации 44 875 730 евра
Дејности на организации врз база на зачленување 44 374 721 евро

Повторно на пиадесталот најплатени професии се вработените во дејноста компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – нивната просечна плата во била 83.556 денари или 1359 евра.

Веднаш по нив се вработените во Воздухопловен транспорт просечно кои просечно земале 51.919 денари или 844 евра, а на трето место се вработените во Останати стручни, научни и технички дејности со просечна плата од 51.825 денари или 843 евра.

Во првата петорка, се и вработените во Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со просечна плата од 50.489 денари или 821 евро, како и  вработените во Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови со просечна плата од 48.311 денари или 785 евра.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА: pari.com.mk