Ќе вработува Градот Скопје. Се бара помошник раководител на сектор во Инспекторатот на Градот Скопје, а ќе зема плата од близу 47 илјади денари.
Преку Агенцијата за администрација Градот Скопје распиша оглас со кој се бара овој профил на кадар, кој треба да има ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, високо образование, но и најмалку четири години работно искуство по дипломирањето, од кои најмалку една година како инспектор.
За огласот е прецизно наведено какви услови треба да се исполнуваат, во смисла на образование, работно искуство, што треба да биде по националност и слично, а истиот јавно е објавен на овој ЛИНК