Имено, огледало во лифтот ви овозможува да видите што другите прават додека се наоѓаат во лифт. На пример, може да го видите изразот на лице на другите личности и каде се наоѓаат нивните раце.
Како резултат на тоа, огледалата можат да обесхрабрат кражба или некој непосакуван допир. Дополнителна причина за што можат да послужат огледалата е да го олеснат управувањето доколку сте во инвалидска количка или пренесувате некој поголем предмет. Тоа упатува дека огледалата можат да спречат и некои незгоди.
Можеби ќе ве интересира: Крузер нуди живеење на брод за 30.000 долари годишно
Она на што луѓето прво помислуваат кога станува збор за огледалата во лифтот е чувството на клаустофобија, а огледалото ќе ви даде поширок простор. Поради тоа се препорачува да гледате во огледало доколку чувствувате тегоби додека се возите со лифт.
Исто така, доколку ви е здодевно возењето со лифт, огледалата се наведуваат како одличен начин да се забавувате. Помалку е веројатно дека луѓето ќе помислат дека времето поминато во лифт е залудно кога при рака имаат огледало. Може да ја поправите фризурата или да си направите неколку фотографии.
Извор: kurir.mk
