Малиот Виктор од Скопје ги продал своите играчките за да ги донира собраните пари за бездомните животни

Малиот Виктор од Скопје ги продал своите играчките за да ги донира собраните пари за бездомните животни

10. 04. 2023.

Младо момче од Скопје, по име Виктор, ги продало своите играчки, а собраните средства ги донирал за помош на бездомните животни, објавија од организацијата „Хепи Шелтер“.

„Ова е најубавиот ден за Хепи Шелтер, малиот Виктор кој ги продаде своите играчки за помош на бездомните кучиња обезбеди 4.226 денари со што ни ги донираше и ни ги стопли срцата на сите нас во тимот, а сигурно и на вас. Се надеваме дека ќе биде пример за останатите деца и возрасни, како се шири емпатија, љубов и грижа за беспомошните и напуштени бездомни кутриња. Од денес малиот Виктор со големо срце е почесен гостин на Хепи Шелтер“, објавија од организацијата.

Извор: republika.mk