Вака се зголемува наталитет: Во Србија зголемен е додатокот за родено прво дете на 3.122 евра, за трето - 16.600 евра

Вака се зголемува наталитет: Во Србија зголемен е додатокот за родено прво дете на 3.122 евра, за трето - 16.600 евра

17. 07. 2023.

Во Србија од 1 јули родителскиот додаток за раѓање прво дете ќе изнесува 366.122 динари (3.122 евра), соопшти Министерството за семејна грижа и демографија.

Во Србија од 1 јули родителскиот додаток за раѓање прво дете ќе изнесува 366.122 динари (3.122 евра), соопшти Министерството за семејна грижа и демографија.
 
Родителскиот додаток за второ дете, што се плаќа на 24 рати, сега изнесува 324.772 динари, за трето дете што се плаќа на 120 рати е 1.948.632 динари (16.600 евра), а за четврто дете е 2.922.948 динари на 120 рати, се наведува во соопштението на српското министерство.
 
Еднократната помош за раѓање на второ и трето дете за деца родени на 1 јули годинава и подоцна изнесува 122.040 динари (1.000 евра), додека паушалот за набавка на опрема за детето е 6.766 динари, се наведува во соопштението.

Извор: markukule.mk