Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,52 отсто во однос на последната одлука.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,184%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 3,802%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 4,795% и кај мазутот намалување во просек за околу 1,242%, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,382%.
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 86,50 (денари/литар)
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 88,50 (денари/литар)
- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 78,00 (денари/литар)
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 77,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 45,173 (денари/килограм)
Од 9.4.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/лит.
- Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 1,00 ден/лит
- Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 ден/лит.
- Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,286 ден/кг.
- Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 9.4.2024 година.
- Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.