
Стапката на невеработеност во третото тримесечје од 2024 година е 12,3%, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).
Во моментов бројот на невработени лица во Македонија изнесува 98.322 лица, односно бројот на активно население е 796.733 лица, од кои вработени се 698.411 лица. Стапката на активност во овој период е 52,6, а на вработеност 46,1 процент.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2024 година имало вкупно 98322 невработени, од кои 61879 се мажи, а 36443 се жени.
Извор: puls24.mk