Вештачката интелигенција ги предупредува туристите да внимаваат кога поминуваат улица во Македонија оти има агресивни возачи

Вештачката интелигенција ги предупредува туристите да внимаваат кога поминуваат улица во Македонија оти има агресивни возачи

28. 02. 2025.

Некои возачи може да бидат агресивни, па затоа внимавајте кога поминувате улица. Ваков е одговорот на вештачката интелигенција („Чат ГПТ“) на прашањето дали е Македонија безбедна дестинација за патување.

Oценката е дека земјата е генерално безбедна за туристите, со ниска стапка на криминал, а насилството е ретко. Сепак, „Чат ГПТ“ препорачува, како и за секоја друга дестинација, да бидете внимателни.

Покрај сообраќајот, апликацијата ги предупредува туристите да избегнуваат протести и политички собири, како и да внимаваат да не им биде наплатено повеќе од она што е реална цена во такси возилата и маркетите.

Се додава и дека луѓето се гостопримливи и честопати подготвени да им помогнат на туристите, безбеден е за двојки, но да се избегнуваат изолирани области во текот на ноќта. Автобусите и такси-возилата се генерално безбедни, се додава во одговорот што го добивме.

Вештачката интелигенција препорачува да се посетат Скопје, Охрид, Маврово и Кратово.

Извор: 24info.mk