Според најновите податоци на Евростатот, најскапата земја во Европа е Исланд. Цените во таа земја минатата година биле дури 56 отсто повисоки од европскиот просек. Втора на листата е Швајцарија, а трета Норвешка.
Пиците во исландски ресторан чинат околу 17, чаша вино околу 10, а пиво 7 евра. Вечера за двајца е околу 85 евра, шише вино во продавница е 17, а пакет јајца 5 евра.
Сепак, просечната бруто плата за постојано вработените во Исланд изнесува околу 4500 евра. Закупнина за помал стан во центарот на Рејкјавик е 1300 евра месечно.
Кога е во прашање нашиот регион, најскапа е Хрватска, каде водата чини околу 2,5 евра.
Словенија е на 19-то место, Црна Гора е на 30-то место, Босна и Херцеговина е на 34-то место, а Македонија е на 36-то место на листата на најскапи земји во Европа.
Ова е листата на европските земји од најскапи кон најевтини:
1. Исланд
2. Швајцарија
3. Норвешка
4. Данска
5. Ирска
6. Луксембург
7. Финска
8. Шведска
9. Велика Британија
10. Холандија
11. Белгија
12. Франција
13. Австрија
14. Германија
15. Италија
16. Шпранија
17. Кипар
18. Португалија
19. Словенија
20. Грција
21. Малта
22. Естонија
23. Летонија
24. Чешка
25. Словачка
26. Хрватска
27. Литванија
28. Унгарија
29. Полска
30. Црна Гора
31. Србија
32. Албанија
33. Романија
34. Босна и Херцеговина
35. Бугарија
36. Македонија
37. Турција