Според најновите податоци на Еуростат, најскапа земја во Европа е Исланд.
Цените во таа земја минатата година биле дури 56 отсто поголеми од европскиот просек.
Втора на листата е Швајцарија, а трета Норвешка.
Пица во еден ресторан во Исланд чини 17 евра, а чаша вино околу 10, додека пак пиво 7 евра. Вечера за дваајца чини околу 85 евра, чапша вино во продавница е 17 евра, а пакет јајца се 5 евра.
Сепак, просечната плата на вработените изнесува 4.500 евра. Станарината на помал стан во центар на град изнесува 1.300 евра месечно.
Кога станува збор за регионот најскапа е Хрватска, каде водата чини 2,5 евра.
Словенија се наоѓа на 19. место. Црна Гора е на 30 место, а потоа следува Србија, додека БиХ се неоаѓа на 34. место на листата на најскапи земји.
Ова е листата на најскапи земји подредени од најскапата до најевтината:
1. Исланд
2. Швајцарија
3. Норвешка
4. Данска
5. Ирска
6. Луксембург
7. Финска
8. Шведкса
9. Велика Британија
10. Холандија
11. Белгија
12. Франција
13. Австрија
14. Германија
15. Италија
16. Шпанија
17. Кипар
18. Португалија
19. Словенија
20. Грција
21. Малта
22. Естонија
23. Летонија
24. Чешка
25. Словачка
26. Хрватска
27. Литванија
28. Унгарија
29. Полска
30. Црна Гора
31. Србија
32. Албанија
33. Романија
34. Босна и Херцеговина
35. Бугарија
36. Македонија
37. Турција