Сите кои во моментов се во неизвеснот или се без работа се потенцијални нововработени и не се само работници со средно и не се само од фабрики и продажба, останале без работа и правници и сметководители и менаџери токму за тоа сега е вистинско време за одбирање на совршени кандидати.Кој ке даде подобра понуда тој ќе го добие кандидатот.
Време е за собирање на работници и полнење на базите со CV –Ja
Ова деновове го најавија неколку компании свесни за тоа што ќе се случува после кризата. Многу од работите ќе се искристализираат. Дел од работниците самоиницијативно ќе ги напуштат работните места од свои причини или причини кои биле присутни но сега едноставно се охрабриле да го направат чекорот. Корона мерките направија вистинска промена: дел од работниците кои не можеле да останат дома а барале, си дале отказ, дел од оние кои сметаат дека не биле испочитувани за време на мерките исто си заминале, на дел им е намалена платата а поголемиот дел добиле отказ.
Сите тие сега се на пазарот на труд. И не се само работници со средно и не се само од фабрики и продажба, останале без работа и правници и сметководители и менаџери токму за тоа сега е вистинско време за одбирање на совршени кандидати.Кој ке даде подобра понуда тој ќе го добие кандидатот. За тоа бројот на огласите во овој период се зголемува. Се бараат и бравари и водоводџии и тие можат да се најдат и да се вработат.Бидејќи претходно не саакаа да слушнат да работат во компанија сега заради намалениот обем на работа т.е луѓето се затворени по дома и не примаат никого дома, работатат е намалена многу и затоа с е подготвовни да влезат во компании.
Вратени се и многу сезонски работници и тие се подготвени да работат тука дома во сопствената земја.
Вратени се и оние кои отидоа на бродови и крузери и тие се работна сила подготвена да работи.
Вратени се и студенти на завршна година –одлична можност на Компаниите кои бараат висококвалификуван кадар да ја зграпчат шансата но мораат да бидат подготвени да го одвразат кесето за да ги задржат.
Сега е моментот да се задржат тие луѓе тука но размислувањето на Македонските менаџери мора да се смени и конечно да мислат на работникот и да ги золемат платите. Дадена е втора шанса луѓето се вратиле, дали ќе ги задржиме зависи само од начинот на размислување и дејствување.Значи понудата на подобра плата и услови мора да биде ПРИОРИТЕТ БРОЈ ЕДЕН