Пронајди работа во Хрватска! Започна саемот за вработување во туризмот – проверете ја понудата на огласи!

Пронајди работа во Хрватска! Започна саемот за вработување во туризмот – проверете ја понудата на огласи!

25. 02. 2021.

Најголемиот портал за вработување во Хрватска, MojPosao.net, и оваа година одржува онлајн саем за вработување во туризмот - Sezonac.hr, и со ова ве поканува да ја погледнете понудата на огласи и да ја пронајдете совршената работа за вас!

Овогодинешниот Sezonac.hr се одржува од 25 февруари до 5 март!

Онлајн саемот за вработување е достапен од 0-24ч од сите уреди (компјутери, таблети и мобилни телефони), а аплицирањето на оглас е потполно едноставно и брзо. Не е потребна регистрација, само подгответе ја вашата кратка биографија (CV) и кликнете на копчето „Аплицирај“.

Саемот ви овозможува поминувајќи низ бројните штандови да ги запознаете работодавците и работните места што ги нудат и да ги соберете сите информации на едно место.

Понудата на работни места е поделена во четири категории - Рецепција, домаќинство и администрација“, „Храна и пијалоци, спа центар, анимација и забава“, потоа „Одржување, безбедност и производство“ и „Продажба, складирање и логистика“.

Од удобноста на вашиот дом, можете да проверите кои работни места, но и кои услови за работа се нудат, а на штандовите на компаниите имате можност да разговарате директно со работодавците преку чет и дополнително да ги запознаете.

Прегледајте ја понудата на работни места и аплицирајте за посакуваната сезонска или трајна работа!

Sezonac.hr