По завршувањето на потребните технички проверки и финалните тестирања, камерите поставени во рамки на системот ќе бидат активирани на сообраќајниците што се во надлежност на СВР Велес.
Од МВР посочуваат дека со ставањето на системот во функција ќе се овозможи континуирана и засилена контрола на сообраќајот, како и навремено откривање на прекршоците. Целта е да се подобри сообраќајната дисциплина и да се придонесе кон поголема безбедност на патиштата.
Министерството воедно упати апел до возачите доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Оттаму нагласуваат дека одговорното однесување на сите учесници во сообраќајот е важно за зголемување на безбедноста на патиштата.
