Не стивнуваат пожарите: 34 регистрирани за едно деноноќие
Актуелно

Не стивнуваат пожарите: 34 регистрирани за едно деноноќие

9/9/2026

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани 34 пожари на отворен простор, од кои три се активни, додека седум се ставени под контрола, информира Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите во општина Струга, меѓу селата Буринец, Локов, Селце и Елевци, потоа кај селото Белица, на потегот од месноста Кајорец кон Брезица во општина Македонски Брод, како и кај селото Брест, во месноста Рамно, во општина Чучер-Сандево.