Според информациите од СЦ „Борис Трајковски“, реновирањето на објектот е одложено за наесен, кога ќе започне целосната обнова на базенот.
Одлуката е донесена поради недостигот од базени во Скопје, но и за да им се овозможи на пливачките клубови дополнително време да обезбедат алтернативни услови и термини за тренинг во други спортски објекти.
