Според податоците на туристичките агенции, цените се движат од околу 150 евра по лице во предсезона, па сè до 600 евра и повеќе во екот на сезоната за апартманско сместување. За хотелско сместување, пак, цените можат да достигнат и над 1.000 евра по лице.
Голем интерес за црногорското приморје
И оваа година, црногорското крајбрежје останува меѓу најбараните дестинации кај туристите од регионот, благодарение на близината, Јадранското Море и широката понуда на сместување.
Во предсезоната – мај, јуни и септември – десетдневен аранжман со превоз може да се најде по цена од 150 до 300 евра по лице.
Но, како што сезоната влегува во јули и август, цените речиси се дуплираат, па истите аранжмани достигнуваат од 300 до 600 евра.
Цените на апартмани и хотели растат
На платформите за резервации, цените во предсезона почнуваат од околу 2.300 денари за ноќевање во апартман, додека хотелите нудат сместување од 6.000 денари па нагоре со појадок.
Во шпицот на сезоната, околу средината на јули, овие цени се зголемуваат двојно – апартманите почнуваат од 4.000 денари по ноќ, а хотелите значително поскапуваат.
Хотелите достигнуваат и над 1.000 евра
Кога станува збор за хотелско сместување, цените се уште повисоки. Ноќевање со појадок или полупансион во сезона чини од 65 до 130 евра по лице дневно.
Тоа значи дека седумдневен одмор чини меѓу 450 и 900 евра, додека пакет-аранжманите со превоз често надминуваат 1.000 евра.
Во најпопуларните дестинации како Budva, интересот веќе е голем, особено за поевтините апартмани.
Резервација однапред – клуч за пониска цена
Сè повеќе туристи се одлучуваат да резервираат однапред за да ги искористат таканаречените „first minute“ попусти, кои можат да донесат заштеда до 20 проценти.
Од туристичкиот сектор објаснуваат дека растот на цените е резултат на инфлацијата, повисоките плати во угостителството и поскапувањето на храната.
Колку чини летувањето во 2026
Предсезона (мај, јуни, септември): 150 – 300 евра по лице (10 дена, сместување + превоз)
Главна сезона (јули, август): 300 – 600 евра по лице
Хотелско сместување: 65 – 130 евра по лице на ден
7 ноќевања во хотел: 450 – 900 евра
Аранжмани со превоз: 600 – 1.000 евра
Автобуски превоз (повратна карта): околу 70 евра
Budva (3-4 ѕвезди): 700 – 1.000 евра по лице
Луксузни хотели: над 1.000 евра
Јасно е дека летувањето на Јадранот оваа година ќе бара подлабок џеб, а оние што сакаат да заштедат – ќе мора да реагираат навреме.
