Македонците најмногу бараат превод, YouTube, резултати и... Pornhub: Вака изгледа интернетот во Македонија во 2026
Актуелно

Македонците најмногу бараат превод, YouTube, резултати и... Pornhub: Вака изгледа интернетот во Македонија во 2026

6/5/2026

Фактот што „резултати“ е меѓу најбараните зборови покажува колку Македонците активно ги следат спортските случувања, особено фудбалот и обложувањето.

 

Ако некогаш сте се запрашале што најмногу ги интересира Македонците на интернет, најновите податоци откриваат интересна слика за нашите навики.

Најпребаруваниот збор на Google во Македонија не е ниту политика, ниту спорт, ниту некоја позната личност. На врвот е едноставно – „translate“, со повеќе од 1,2 милиони пребарувања месечно. Веднаш зад него следат ChatGPT и различни варијации на зборот YouTube, кои заедно собираат стотици илјади пребарувања секој месец.

Но листата крие и неколку изненадувања.

Што најмногу пребаруваат Македонците?

Според достапните податоци, меѓу најбараните термини се:

  • Translate
  • ChatGPT
  • YouTube (во различни варијации и погрешни пишувања)
  • Резултати од спортски натпревари
  • Reklama5
  • Pornhub

Фактот што „резултати“ е меѓу најбараните зборови покажува колку Македонците активно ги следат спортските случувања, особено фудбалот и обложувањето. Од друга страна, присуството на Pornhub меѓу најпребаруваните зборови покажува дека и Македонија ги следи светските трендови кога станува збор за содржини за возрасни.

Google е крал, но ChatGPT опасно се приближува

Кога станува збор за најпосетуваните веб-страници во Македонија, лидерот е убедлив:

 Google – 15,81 милиони посети месечно

 YouTube – 10,36 милиони посети

 Facebook – 3,73 милиони посети

 ChatGPT – 2,92 милиони посети

 Instagram – 2,22 милиони посети

 Reddit – 866.000 посети

 Time.mk – 858.000 посети

 X (Twitter) – 844.000 посети

 MSN – 724.000 посети

 LinkedIn – 625.000 посети

Најголемото изненадување е ChatGPT, кој веќе се наоѓа на четвртото место и за само една година забележал раст од над 113 проценти.

Македонците сè повеќе ja прашуваат вештачка интелигенција

Додека порано првиот чекор беше „прашај на Google“, сега сè повеќе луѓе директно отвораат ChatGPT за да бараат совети, информации, идеи за работа, преводи, рецепти или помош при учење.

Истовремено, YouTube останува главен извор за забава, музика и едукација, а Facebook и Instagram сè уште имаат огромно влијание врз секојдневните интернет навики.