Temu, AliExpress и Shein на удар: ЕУ воведува нова такса за пратките
Актуелно

Temu, AliExpress и Shein на удар: ЕУ воведува нова такса за пратките

9/11/2026

Европската Унија подготвува нова такса за обработка на малите пратки од земји надвор од ЕУ, која би требало да почне да се применува од 1 ноември 2026 година.

Ова е дополнителна давачка покрај царината од 3 евра, која веќе се применува за одредени мали пратки. Новата такса ќе ги покрива трошоците за ракување, контрола и безбедносни проверки на пакетите.

Мерката е насочена кон огромниот број евтини онлајн пратки, особено од платформи како Temu, AliExpress и Shein. Само минатата година во ЕУ биле обработени околу 6 милијарди мали пратки, од кои над 90% потекнувале од Кина.

Европската комисија смета дека новите правила ќе помогнат да се намалат трошоците за царинските служби и да се обезбедат порамноправни услови за европските компании.

Пред да стапи во сила, мерката треба да ги помине и преостанатите процедури во ЕУ.