Пет нови ритејл паркови ќе се градат во Македонија
Актуелно

Пет нови ритејл паркови ќе се градат во Македонија

10/24/2026

BALFIN Group најавува инвестиција во пет нови ритејл паркови низ Македонија, со цел да понуди современи трговски и забавни содржини поблиску до граѓаните.

Новите комплекси ќе обединат продавници, угостителски објекти, услуги и содржини за целото семејство, а се очекува да отворат можности за нови работни места и развој на локалната економија.

Планот е дел од поширока регионална стратегија на Групацијата, која предвидува изградба на уште два ритејл паркови во Албанија.

BALFIN Group има присуство во 13 земји и искуство во развој на трговски и комерцијални проекти. Во Македонија, меѓу нејзините инвестиции се East Gate Mall и East Gate Living.

Засега, во објавата не се наведени локациите и роковите за изградба на петте нови ритејл паркови.