Октомври е меѓународен месец посветен на подигнување на свеста за борбата против ракот на дојка. За жал, статистиките од година во година укажуваат на сè поголема бројка на жени на помлада возраст на кои им е дијагностициран рак на дојка, што е сериозен аларм дека превенцијата и раното откривање се клучот за спасување на животи. Во духот на вистинските семејни и човечки вредности, компанијата М КЕШ и оваа година ја покажува својата општествена одговорност на дело, ставајќи ги здравјето и благосостојбата на своите вработени на прво место.
Како општествено одговорна компанија која верува дека вистинската грижа започнува одвнатре, М КЕШ организира бесплатни превентивни ехо-прегледи на дојка за сите свои колешки. Со оваа иницијатива, компанијата испраќа силна порака дека вработените не се само дел од тимот, туку се највредниот ресурс и вистинското семејство.
„Веруваме дека грижата за здравјето започнува со превенција и токму затоа сакаме да ги поттикнеме нашите колешки да одвојат малку време за себе и да го искористат ова организирано испитување“, истакнуваат од менаџментот на М КЕШ
Во рамките на оваа акција, прегледите се организирани низ повеќе ординации ширум државата, овозможувајќи лесен и достапен пристап за секоја вработена, без разлика во кој град работи. За дополнителна поддршка, колешките кои прегледот ќе го извршат во овластените партнерски ординации ќе добијат и специјални ваучери како знак на внимание.
Од М КЕШ порачуваат дека грижата за сопственото здравје не треба да биде обврска, туку приоритет – не само во октомври, туку во текот на целата година. Со ваквите иницијативи, компанијата продолжува да поставува високи стандарди во корпоративната култура, инспирирајќи и други бизниси да го следат нивниот пример и инвестираат во најважното – човечкиот живот и здравје.
