ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ДОЛГИ РЕДИЦИ: Новиот систем на ЕУ стартува за десет дена – крај на печатите во пасошите!
Актуелно

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ДОЛГИ РЕДИЦИ: Новиот систем на ЕУ стартува за десет дена – крај на печатите во пасошите!

4/2/2026

Европската унија од 10 април 2026 година започнува со целосна примена на новиот систем ЕЕС (Entry/Exit System), со што на надворешните граници се воведува дигитализиран режим за контрола на државјани од трети земји.

Со новиот систем, класичното печатирање на пасошите заминува во историја – сите влезови и излезови ќе се евидентираат електронски. Сепак, во првите денови се очекуваат метежи и подолги задржувања на граничните премини, додека службите се прилагодуваат на новите процедури.

ЕЕС ќе собира и биометриски податоци, вклучувајќи отпечатоци од прсти и фотографија на лицето, што ќе овозможи побрза идентификација при секое следно патување. Системот ќе работи 24 часа и ќе овозможи поефикасна контрола на патниците.

Дополнително, автоматски ќе се пресметува дозволениот престој во Шенген-зоната, со што ќе се намали можноста за прекршување на правилото „90 дена во 180 дена“.

Од ЕУ посочуваат дека целта е зајакнување на безбедноста, подобра контрола на миграциите и намалување на злоупотребите. На дел од аеродромите веќе се воведуваат и самопослужни киосци за побрза обработка на патниците.

По воведувањето на ЕЕС, следен чекор е системот ETIAS – електронска дозвола за патување, која ќе биде задолжителна за граѓаните од земји на кои не им е потребна виза за влез во Шенген-зоната.

Новите правила значат едно – патувањето во ЕУ се менува од темел.

Извор: faktor.mk