Хрватска до јули остана без 22.600 пензионери: Просечно примале 547 евра
Актуелно

Хрватска до јули остана без 22.600 пензионери: Просечно примале 547 евра

9/7/2026

Хрватска до исплатата на јулските пензии годинава остана без околу 22.600 пензионери, што е највисока бројка за овој период во последните четири години.

Според податоците на хрватскиот Институт за пензиско осигурување, починатите пензионери во просек примале 547 евра месечно.

Најголем дел од нив, 15.689 лица, биле корисници на старосна пензија. Просечната пензија кај нив изнесувала 561 евро, но мажите добивале значително повеќе – 599 евра, наспроти 522 евра кај жените.

Интересно е што жените старосната пензија ја користеле во просек 26 години, додека мажите 19 години.

Во истиот период починале и 5.254 корисници на семејна пензија, со просечен износ од 503 евра, како и 1.662 корисници на инвалидска пензија, кои во просек примале 558 евра.

Кај инвалидските пензии повторно се забележува значителна разлика – мажите примале просечно 593 евра, додека жените 449 евра.