Македонија го слави 8 Септември – Денот на независноста
Актуелно

Македонија го слави 8 Септември – Денот на независноста

9/7/2026

8 Септември е еден од најзначајните датуми во современата македонска историја – Денот на независноста на Македонија.

На овој ден во 1991 година, граѓаните излегоа на референдум и со огромно мнозинство ја поддржаа одлуката за создавање самостојна и суверена држава. Од вкупно 1.132.981 граѓанин кои гласале, дури 95,09 отсто се изјасниле „за“ независност.

Референдумот се одржа во период на распаѓање на СФРЈ и претставуваше историски чекор со кој Македонија го започна својот пат како независна држава.

Одлуката беше пречекана со голема радост и еуфорија низ целата земја. Илјадници граѓани го прославија историскиот момент, а 8 Септември остана запаметен како симбол на слободата, суверенитетот и правото на сопствен пат.

Денес, 35 години подоцна, овој празник е можност да се потсетиме на генерациите кои учествуваа во создавањето на независна Македонија, но и на одговорноста што ја носи секоја генерација во градењето на државата.

 

Да ја чуваме слободата, да ја градиме иднината и да бидеме горди на нашата Македонија.