Од ИЈЗ велат дека околу 10 отсто од луѓето кои досега се јавиле успеале да се откажат од пушењето. Најчесто помош бараат лица на возраст од 40 до 50 години и оние со долгогодишен пушачки стаж.
? Помош и советување може да се добијат на 078 285 873.
Линијата е достапна не само за пушачи на класични цигари, туку и за корисници на електронски цигари, вејп, никотински кесички и други тутунски производи.
Од ИЈЗ нагласуваат дека откажувањето не е само прашање на волја, бидејќи никотинот создава зависност и на дел од луѓето им е потребна стручна помош, а понекогаш и терапија.
Според податоците на СЗО, околу 45,4% од возрасните во Македонија користат тутун, што е значително над европскиот просек. Од ИЈЗ велат дека се потребни посилна превенција, континуирани кампањи и подобра стручна поддршка за оние кои сакаат да се откажат.
